Балкан
17. February 2022 - 11:55

Избувна пожар на гробот на Шабан Шаулиќ на тригодишнината од неговата смрт | ВИДЕО

На тригодишнината од смртта на Шабан Шаулиќ на Новите гробишта во Белград денеска се случи несреќа, на неговиот гроб избувна пожар, пишува Пинк.рс.

Поради бројните запалени свеќи и цигари на гробот на покојниот пејач. Венците во еден момент почнале да горат. Ќерката на Шабан, Санела веднаш реагирала, полила вода врз пламенот, за да го запре пожарот. Но, пожарот избувнал уште повеќе, па на помош дошле и други, па се било навреме прекинато.

Шабан Шаулиќ и неговиот колега Мирсад Ќериќ загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи пред три години во Германија, кога се враќаа од настап.