Избркано од работа лицето од ЈП „Комунална хигиена“ кое отпадот го исфрлил во Вардар
По повод видео-материјалот објавен на неколку портали и на социјалните мрежи, каде што е прикажан вработен во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје како собраниот отпад го исфрла во реката Вардар, раководството на Претпријатието ја информира јавноста дека беа преземени сите мерки за расчистување на овој случај.
Станува збор за работник ангажиран во Одделението за одржување на јавната чистота, којшто сторил тежок дисциплински прекршок, притоа сериозно нарушувајќи го угледот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.
Од овие причини беше донесена одлука денеска – 10.06.2019г., ова лице да биде отстрането од работното место.
-ЈП „Комунална хигиена“-Скопје перманентно работи на подигнување на нивото на хигиената и чистотата во градот Скопје, притоа бележејќи драстично процентуално зголемување на количествата на отстранетиот отпад од диви депонии, како и отпадот што се собира од домаќинствата и правните субјекти, во споредба со изминатите години. Седум дена во неделата, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во три смени го собираат и го транспортираат комуналниот отпад, истовремено одржувајќи ја хигиената и на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини, што подразбира нивно секојдневно метење и миење. Во овој контекст, би сакале да ве известиме дека ниту едно прекршување на работната етика и дисциплина, ниту пак обид за уривање на угледот на Претпријатието нема да бидат толерирани и против сторителите ќе бидат преземени најстроги казнени мерки, посочуваат од ЈП.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка