Македонија
14. September 2020 - 20:27

Избрани собраниските комисии – ќе се нормализира ли работата во парламентот?

Парламентот денеска ги формираше работните тела со што и официјално може да почне со законодавната функција по речиси два месеци откако беше конституиран. Одлуката за персоналниот состав на комсииите беше донесена со 89 пратенички гласа што значи дека за нејзе поддршка дадоа и власта и опозицијата.

Сепак, меѓу нив имаше разлика дали на оваа одлука треба да претходи одлука за бројот на комисии, за борјот на членови во нив како и утврдување на нивниот делокруг за рбаота. Од опозициката ВМРО-ДПМНЕ потенциираа дека прв пат во 30 години парламентарна демократија собраниските тела се формираат без ваква одлука. Од власта пак, сметаат дека нема потреба од нејзе.

Дебата дополнително го симна нивото при говор на Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ според која секој пратенички состав е посебен со различна структура и токму затоа мора да има и нова одлука за бројот на работните тела.

И покрај тоа што премиерот Зоран заев најави дека владејаќкотот мнозинство во парламентот денеска ќе е комплетно со Арбен Зибери кој добил негативен корона тест по боледувањето, сепак пратеникот на ДУИ не беше на оваа седница. Кворумот и дневниот ред го обезбедуваа и пратеници на Алијансата на Албанците и Алтернатива, а делумно и ВМРО-ДПМНЕ.