Македонија
7. February 2020 - 12:23

Избрани нови врховни судии

Мирјана Лазарова Трајковска, Сафет Кадрии, Наке Георгиев и Лидија Мартинова се новите врховни судии. Првите двајца ќе работат на кривични, вторите на граѓански предмети. Но остануваат уште две празни места, бидејќи останатите кандидати не го добија потребното мнозинство од судиите на Судски совет. Мирјана Лазарова Трајковска беше долгогофишен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Сафет Кадрии и Лидија Мартинова доаѓаат од скопска апелација, а Наке Георгиев е претседател на Апелација во Штип. Судски совет избра судии во Основните судови низ земјава, а бираат и тројца за Кривичен суд во Скопје.

Елена Милошевска