Кошарка
17. September 2020 - 10:40

Избрани најдобрите петорки во НБА лигата

 
 
 
 
Во НБА лигата избрани се најдобрите три петорки во сезоната чија колминација допрва се очекува со финалните конференциски натпревари. 
 
Леброн Џејмс по рекорден 16-ти пат е дел од „идеалната“ петорка, во која е и неговиот соиграч од ЛА Лејкерс Ентони Дејвис, кошаркарот на Милвоки, Јанис Антетокумпо, првиот играч на Хјустон, Џејмс Харден и најмладиот во избраното друштво Лука Дончиќ од Далас. 
 
Во втората петорка се најдоа Никола Јокиќ кој во Денвер ќе игра во финалето на Западната конференција, заедно со Демиен Лилард од Портланд, Каваи Ленард од Клиперси, Крис Пол од Оклахома и Паскал Сиакам од редовите на минатогодишниот шампионот Торонто. 
 
Иако се дел од финалисите на истокот (Бостон и Мајами) сепак, Џејсон Тејтум и Џими Батлер се вброени во третата петорка заедно со Бен Симонс  од Филаделфија, Руди Гобер од Јута и Расел Вестбрук од Хјустон.