Избрани кандидатите за пратеници на ЛДП
Либерално-демократската партија денеска на седницата на Централниот одбор, во демократска атмосфера и со тајно гласање, ги избра кандидатите за пратеници на претстојните вонредни парламентарни избори, закажани за 11 декември, соопштија денеска од партијата.
Како што информираат оттаму во првата изборна единица, на 12-тото место на коалициските опозициски листи, партијата ја предложила Никица Корубин. Во втората изборна единица, на 17-тото место е претседателот на подмладокот на ЛДП, ЛИДЕМ – Стефан Миноски.
Јулиана Николова, претседателка на Форумот на жени на ЛДП е на 6-тото место во третата изборна единица. Во четвртата изборна единица, на 20-тото место на коалициската листа е Јасмина П. Миленковиќ, а во петтата изборна единица, на 4-тото место е претседателот на ЛДП, Горан Милевски.
ЛДП на изборите ќе настапи како дел од опозициската коалиција, предводена од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење