Фудбал
18. February 2017 - 14:40

Избран и составот на новиот УО на ФФМ

На денешната седница на Собранието на ФФМ нов четиригодишен мандат доби и новиот Управен одбор кој беше избран со тајно гласање. Во УО учество обезбедија:
 
Златко Талевски, Арџент Беќири, Светозар Станковски, Добре Иванов, Муарем Сејдини, Тони Ивановски, Горан Гаврилов, Џевад Ибраими, Дејан Димовски, Лазар Ракиџиев, Борче Лазаревски, Салим Абдили, Марјанчо Стојковски и Димитар Џонов.
 
Управниот одбор е избран со гласање на 91 делегат од 92 присутни, а едно ливче беше неважечко. Покрај УО, беше избран и надзорниот одбор, како и и членовите на комисии.