Македонија
4. September 2018 - 13:13

Изборот на директор на ОТА е работа на пратениците, вели премиерот Заев

 Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не знае кој е новиот кандидат за директор на Агенцијата ОТА бидејќи тоа е работа на пратениците и оти за него е најважно да биде избран човек кој ќе биде професионалец и експерт.

- Им дадов само задача на пратеничката група бидејќи правеа консултации со мене да изнајдат професионално и експертско решение. Ме информираа дека е најдено решението. Ниту се интересирам, ниту ми треба да знам. Зошто? Затоа тоа е првиот исчекор дека сме научиле нешто од минатото, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Владата по потпишувањето на договори за финансиска поддршка за отворање бизнис- акцелератори за млади.