Македонија
18. April 2019 - 16:18

Изборниот штаб на Сиљановска-Давкова бара обвинителството да го испита случајот со мобилната апликација на СДСМ

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи што побрзо да го расчистат случајот Големото око, за телефонската апликација на СДСМ „Избори 2019“ за која постојат сериозини индиции дека складира лични податоци на граѓаните, побара денеска Горан Момировки, шефот на изборниот штаб на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Момировски денеска имаше средба со тимот на обивнители задолжен да го следи изборниот процес. Вели дека добил уверување дека јавен обвинител од скопското обвинителство ќе го преземе случајот. Сепак, за него несфатливо е што институциите до сега не реагирале по допрен глас.

Од СДСМ пак, велат дека се работи за лажна вест и паника кои ги прави опозицискиот табор. Апликацијата била скандинавски изум кој се користел во сите развиени демократии.

За СДСМ пак, денеска излегоа коментираа дека Силјановска Давкова добива поддршка од осудени криминалци на настаните од 27 април и други предмети, како што се Игор Југ и Никола Груевски, а таа не се оградува од нив. Сепак, од владејачката велат дека и покрај овој став тие нема да ги одбијат гласовите што нивниот кандидат Стево Пендаровски ќе ги добие од 13 затвори каде што гласаат осудениците.