Балкан
14. January 2020 - 22:02

Изборната реформа што ја бара ЕУ, конечно ги седна на маса власта и опозицијата во Албанија

По долгата и длабока политичка криза во која западна Албанија, денеска првпат претставници на владејачкото мнозинство и опозицијата седнаа на заедничка маса за изборните реформи.

Ова прашање, како што е заклучено на средбата треба да биде заокружено до 15март годинава.

На 90-минутната средба присуствувале Дамиан Ѓикнури, од Социјалистичката партија, Оерд Булукбаши од Демократската партија, Петрит Васили од Социјалистикото движење за интеграција (и двете вонпарламентарни партии) и Рудина Хајдари од опозициската пратеничка група „Демократи“.

На средбата постигната е согласност и за формирање политички совет со претставници на опозицијата, првите луѓе на Комисијата за реформи и претставници на парламентарните групи во Собранието.

Документот во кој се наведени заклучоците го потпишаа тројца од учениците, освен Хајдари, иако во принцип се согласила со постигнатите заклучоци.

– Овој документ го гарантира она што ние долго време го баравме, изборната реформа да се направи со консензус, да биде сеопфатна. Ќе имаме и меѓународна помош,изјави Букулбаши по средбата.

– Направен е чекор напред во однос на исполнувањето на клучниот услов на Бундестагот за започнување на пристапните преговори. Со соодветна одговорност и лојалност од другата страна ќе може да се оди напред за да се ослободи земјата од изманипулираните и купени избори, рече Васили.

Претставникот на владејачките социјалсти, кој е и претседател на Комисијата за изборната реформа, Дамиан Ѓикнури, ја поздрави „добрата волја за изнаоѓање форма на дијалог со опозицијата“.

– Ќе се обидеме да работиме со консензус со помош на експерти на ОДИХР, за кои официјално ќе побараме да дојдат во Тирана за да се решат прашањата каде што партиите може да имаат различни гледишта, истакна Ѓикнури.

И покрај фактот што Хајдари не го потпиша политичкиот пакт, во принцип се согласи со дискусиите на средбата, но според парламентарната опозиција, во „игра“ треба да биде и промената на изборниот систем.