Македонија
16. July 2020 - 13:18

Изборите во Македонија тема во медиумите во регионот - албанските медиуми пишуваат за успехот на албанските партии

Десетите по ред парламентарни избори главна тема во медиумите во регионот и светот. Зоран Заев победник со мала разлика, изборен трилер со мало водство на Заев, мала предност на СДСМ, ова се само деле од насловите кои осамнаа во грчките медиуми по повод вчерашниот изборен ден во земјава.

Тамошните медиуми пишуваат дека на овие збори воопшто немало изборна атмосфера  поради кризата со вирусот и дека излесноста не била голема. Ги објавија и проблемите со сајтот на ДИК при објавувањето на изборните резултати.

СДСМ вчера прогласи победа на парламентарните избори на уште необјавени конечни резултати, пишуваат српските медиуми.

И сведските медиуми меѓу кои и Гардијан се фокусираат на изборите во Македонија бидејќи сметаат дека се работи за земја која е клучна за стабилноста  во регионот. Медиумите сметаат дека овие избори се важни и дека со нив ќе се одреди дали земјава  ќе остане на европскиот пат.

Хрватски Инкед хр  напиша дека во сред пандемија во Македонија се одржаа парламентарни избопри со строги заштити мерки.

Албанските медиуми пак пишуваат дека овие избори во земјава биле најдемократски и покрај тоа што се одржале во време на коронавирус.

Заев прогласи победа, успех и за албанците со 29 пратеници во парламентот, ова се само дел од насловите во медиумите таму.