Свет
12. September 2016 - 17:20

Изборите во Австрија ќе се одржат на 4 декември

Австријанците на 4 декември имаат можност конечно во трет обид, да изберат шеф на државата откако денеска беше донесена одлука за одлагање на изборите закажани на 2 октомври.

Гласачите во Австрија првпат гласаа на претседателски избори на 24 април кога избираа меѓу шест кандидати. Тогаш најмногу гласови доби кандидатот на Слободарската партија Норберт Хофер, а втор беше некогашниот лидер на Зелените, Александер ван дер Белен.

Тие двајца кандидати влегоа во вториот круг гласање одржан на 22 мај, но исходот беше поништен од страна на Уставниот суд врз основа на жалба на ФПО поради бројни неправилности.

Шефовите на пратенички групи во парламентот се догвоорија гласањето за претседател да биде одржано на 4 декември.

На состанокот договорено е да се прифати предлог на министерот Соботка да се извршат измени во списокот на гласачи.