Балкан
21. јуни 2017 - 22:23

Изборите во Албанија ќе ги обезбедуваат 5.851 полициски работник

На 25 јуни,на денот на изборите, во Албанија ќе бидат ангажрани 5.851 припадник на полицијата,кои директно ќе ги обезбедуваат избирачките места.

Ова на попладневната средба со новинарите го соопшти Алтин Ќато, директор на Управата за јавна безбедност во албанското Мистертвото за внатрешни работи, според кого во соработка со ОБСЕ/ОДИХР на содветна обука биле 7.040 припадници на полицијата.

- За безбдноста на 5.362 избирачки места,како и општинските изборни комисии навреме се направени потребите проценки за бројот на припадници на полицијата, возила, срдства за комункација и слично.Генералната управа на државната полиција испрати до Централната изборна комисија список со 5.851 полициски работник,кои ќе бидат ангажирани во заштитата на објектите каде ќе се реализира гласањето на целата територија на Албанја,-изјави Ќато.

Според него во текот на изборната кампања,која почна на 26 мај,полицијата евидентирала 14 кривични дела, кои „ се однесуваат на слободните избори“.

- Одделно гледано, шест се за попречување во одржување изборни активности, три се однесуваат на активна изборна корупција и пет за закани и насилство врз учесници во изборите.Во истите учествувале 24 сторители,од кои четворица се уапсени,на 16 се бранат од слобода,додека по четоворица се трага,-изјави Ќато.

Тој посочи дека во изминатите дваесет и седум дена изборна кампања, полицијата обезбедувала 2.029 изборн активности.