Loading Video...
Балкан
24. јуни 2018 - 17:16

Изборите тест за моќта на Ердоган

Денешните претседателкси и парламентарни избори  во Труција се тест на моќта на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој речиси 16 години победува на сите избори во кои досега учестуваше.  Се работи за вонредни  парламентрани и претседателски избори кои  Ердоган  ги распиша 17 месеци порано од планираното, потег кој аналитичарите го оценија како обид тој да ја зацврсти својата власт.

Но  тој и неговата владејачка партија на правдата и развојот би можеле да се соочат со посилна конкуренција од првично очекуваното.  Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека  изборите  за шеф на државата би можеле да влезат во вториот кург од изборите на 8 јули и дека Партијата за правда и развој би можела да  ја загуби контролата во парламентот,по речиси 16 години Ако  новиот петгодишен  мандат Ердоган го обезбеди во првиот круг  од изборите тоа би значело негов најголем политички успех. Доколку пак има втор круг  ке се соочи со Мухарем Инџе од главната опозициска Републиканска народна партија и ке го победи..  Реџепт Таип Ердоган ја има поддршката од повзорансите додека младите сакаат промени.

По овие избори моќта на парламентот ќе биде намалена и во значителна мерка заменета со извршните овластувања  на претседателот како што беше одлучено на контоверзниот референдум лани.  На рефендумот беше изласано и за укинување на   функцијата премиер. Победникот на претседателските избори ќе стане најмоќниот политичар во поновата историја на Турција.