Македонија
8. јуни 2020 - 16:53

Изборите на стенд бај, датумот ќе зависи од евентуална нова одлука за нова вонредна состојба

Датумот на изборите ќе зависи од истекот на вонредната состојба и мислењето на Комисијата за заразни болести за пандемијата на КОВИД 19 во земјав. Владиниот став дали е потребно ново петто продолжување на вонредната состојба имајќи пред вид дека тековната завршува в недела ќе се знае до петок, највува вицепремиерот Бујар Османи.

Сепак,партиските ставови околу датумот на изборно соочување се уште се многу различни. Веќе две недели нема никаква комуникација меѓу власта и опзоцијата за оваа тема. Најава за евентуална лидерска средба кај шефот на државата Пендаровски нема.

Ако в недела Пендаровски не одлучи за ново продолжување на вонредната состојба, владејачката СДСМ толкува дека датумот за избори е 5 јули согласно уредбата за избори. Сметаат дека до тогаш ширењето на коронавирусот ќе се намали, а спороведување на избори согласно здравствени протоколи не се закана по здравјето на граѓаните.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека во вакви услови на ширење на заразата изборите се во втор план.

И од ДУИ велат здравјето на граѓаните е пред се.

Ставот на ДУИ се заснова на два основни принципа тие се констатнмтни. Првиот принцип е дека здравјето на граѓаните е пред кој било друг општествен процес и второ дека консензусот е важен за одржување на избори. Ги следиме на дневна основа епидемиолошките текови. Мој став е дека треба да чекаме до петок кога завршува вонредната состојба за да направиме пресек на трендовите, да го видиме мислењето на Комисијата и врз ознова на тоа да ја доенсеме одлуката за вонредната состојба. Вонредната состојба ќе влијае директно на изборите.- изјави Бујар Османи.

Од партијата на Ахмети и покрај тоа што не доби поддршка од другите партии, се уште стојат на идејата за премиер Албанец тврдејќи дека не се работело за етничка или партиска идеја,ттуку за рушење наполитички монополи и предрасуди.