Македонија
5. August 2019 - 16:25

Избори во јуни идната година, како најприфатлива можност за политичките партии

Се стега ли обрачот за датум за предвременни парламентанри избори до година?

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера како добри термини за предвремено граѓанско изјаснување ги спомена мај и јуни денеска од СДСМ велат дека простор за договорот има доколку тоа е неопходно за државата.

Мицкоски всушност одговараше на терминот со кој претходно лицитираше премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев – октомври 2020.

Костадинов тврди дека оставениот простор за договор не значи ретерирање од претходните најави на Заев.

Извори од раководството на владејачката партија велат дека сепак, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ може да се најдат за предвремени избори во јуни догодина, термин кој веќе ДУИ го објави како прифатлив.

Во оваа насока оди и потврдата од двете партии дека се задоволни од тоа како се одвиваат преговорите за Изборниот законик.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на мнозински модел, додека пак, за ДУИ е неприфатлива една изборна единица.