Македонија
30. April 2020 - 16:50

Избори под маски и дистанца од два метра

На избори ќе се оди со маски и со држење на меѓусебно растојание од два метри. Во кампањата масовните партиски собири ќе се избегнуваат, додека пак, за комуникација со граѓаните ќе се кристат дигиталните алатки. Вака владејачката СДСМ го замислува изборниот процес по справувањето со кризата. Генералниот секретар Николовски вели дека мерките за справување со корона вирусот веќе даваат резултати и ситуацијата се става под контрола.

Во контекст на изборниот процес кој се наметнува по справување со коронавирусот, односно маските и држењето дистанца, како и другите медицински протоколи ќе бидат дел и од изборниот процес. Почитувајќи ги сите мерки, ние ќе избегнуваме масовни собири и нивно организирање и се повеќе ќе се користат дигиталните, електронски начини на комуникација со граѓаните во целиот овој период, вклучително и во кампањата што претстои.

Николовски сепак, не дава временска рамка кога одложените избори од 12 април би можеле најрано да се одржат.

Од албанскиот партнер во Владата  - ДУИ велат дека избори може да има само кога ќе се победи вирусот. Прифаќаат избори кој било месец штом ќе се создадат услови во однос на јавното здравје  и можност да се оствари демократското право на глас на сите граѓани.

И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат прво здравје, па избори.

Во меѓувреме, по времената мерка на Уставниот суд да не се чепкаат платите на функционерите во услови на криза, сите партии кои имаат државни функционери најавија дека ќе го донираат остатокот од платата до минималец

И функционерите на ЛДП и ДОМ најавија дека ќе останат на минималец, а парите ќе ги донираат во фондот за справување со корона вирусот.