Македонија
15. July 2017 - 12:44

Избоден затвореник во Идризово, заврши во болница

Вчера во 19,00 часот во Казнено поправната установа Идризово во затворениот дел, дошло да расправија помеѓу затворениците Е.Б (1989) и Е.И (1983) двајцата од Скопје.
 
Во еден момент Е.И со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата нога на Е.Б.
 
Со возило од Казнено поправната установа Идризово, Е.Б е префрлен во Ургентен Центар-Скопје, каде од страна на доктор се констатирани телесни повреди. Настанот е во надлежност на КПУ Идризово.