Македонија
3. January 2019 - 14:51

Избоден кумановец во тепачка на повеќе лица

Вчера околу 20,40 часот во село Оризари, кумановско, настанало нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што на С.К.(23) од село Оризари, со остар предмет, му била нанесена убодна рана во пределот на стомакот, по што истиот бил пренесен во Општа болница Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.