Македонија
7. May 2022 - 16:57

Избоден и ограбен жител на Малта од четири лица во Катланово

Жител на Малта избоден и ограбен од четири лица кај Катлановска бања.

- На 06.05.2022 во 23.15 часот во СВР Скопје, М.К.(31) од Малта, со престој во Скопје, пријавил дека околу 22.30 часот во близина на Катлановска бања четири лица го нападнале со остар предмет, му нанеле повреда и му одзеле пари, информираат од МВР. 

Се работи на расчистување на случајот.