Свет
23. March 2019 - 14:30

Избоде свештеник во програма во живо: Ништо не рече, само го извади ножот и почна да го боде во текот на утринската миса

Канадскиот свештеник Клод Гру е избоден неколку пати додека ја служел утринската миса во црква во Монтреал.

Нападот е снимен во текот на телевизиски пренос на локалниот католички канал.

Во еден момент, видно бесен маж му пришол на свештеникот со нож и почнал да го брка. Иако свештеникот Гру забележал дека нешто не е во ред, па почнал да бега, не успеал да го избегне напаѓачот кој го избоден неколку пати.

Многу верници тогаш во паника се разбегале. Свештеникот е префрлен во болница каде му се констатирани помали повреди во горниот дел од телото.

Напаѓачот е во притвор, но се уште не е познато зошто се одлучил на овој потег.

„Беше многу упорен во својата намера. Не викаше, ништо не рече, само го извлече ножот“, рече еден од сведоците.

Kurir.rs/Mirror