Избирачкиот список ставен на увид

Од денеска до 9 мај граѓаните ќе можат да проверат дали нивното име се наоѓа во Избирачкиот список, кој денеска е ставен на увид во електронска верзија на веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК) и во 34 подрачните единици на Комисијата во земјата. Избирачкиот список треба да биде заклучен до 19 мај.
Увидот преку веб-страната на ДИК (www.sec.mk) граѓанинот може да го направи со внесување на матичниот број и кодот што ќе се појави. Со важечки документи и лично граѓаните може да направат увид во Избирачкиот список во подрачните единици на ДИК, информираат од Комисијата.
Исто така ДИК преку МНР треба да ги достави посебните изводи од Избирачкиот список до дипломатско конзуларните претставништва на увид за лицата на привремена работа или престој во странство.
Во рок од пет дена од денот на завршувањето на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до политичките партии. Партиите во рок од пет дена односно до 19 мај до ДИК треба да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци од Избирачкиот списпок. По нивните барања ДИК треба да одлучи во рок од три дена од приемот на барањето.
ДИК, како што информираат од Комисијата, денеска треба да одржи седница на која се очекува да биде усвоен конечен извештај од вкрстените проверки и административната анализа за ажурирање на Избирачкиот список и да бидат усвоени одредени одлуки во врска со избирниот процес.
Ново на Сител
-

Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште, тоа е стратешки проект за државата, вели Мицкоски
-

Извештај: Во ЕУ секоја недела се открива претходно непозната дрога
-

Скопјанец се заканувал дека ќе го задави своето дете, кршел покуќнина и ја повредил сопругата и нејзината мајка
-

Нуркачи пронајдоа 1.700-годишен римски мост во Швајцарија
-

Владата пред одлука државата сама да го реализира проектот Чебрен и Галиште
-

Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
-

Русија планира одобрување на две вакцини против агресивен тумор на мозок
-

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа, покажа нова студија во која учествуваат истражувачи од МЕД
