Свет
24. March 2016 - 13:03

Избегнувајте ги овие европски земји: Во секој момент може да се случи терористички напад!

Експертите уште пред една година предупредуваа дека на Европа и се закануваат страшни терористички напади и дека меѓу најризичните земји се Белгија, Франција, Германија, Холандија, пренесуваат хрватските медиуми.
 
Уште тогаш тие ја ставиле Белгија меѓу земјите кои треба да стравуваат од терористички напади, а за жал една година подоцна тоа и се случи - два терористички напади на аеродром и метро во кои загинаа повеќе од 30 луѓе, а повеќе од 260 се ранети.
 
Во Белгија, на 15. јануари минатата година полицијата уби двајца терористи во голема анти- терористичка акција. Третиот е уапсен, а 13 осомничени завршија во затвор, пишува хрватскиот портал „24sata“.
Во мај 2014 година, осомничени терористи убија четири лица во еврејскиот музеј во Брисел.
 
Во 2015 година, џихадистите највеќе терористички акции извршиле во Франција. Годинаа започна со нападот на редакцијата за сатиричниот магазинШарли Ебдо во кој загинаа 12 лица, а вистинки масакр се случи во главниот град во ноември 2015 кога загинаа 130 лица, а повредени повеќе од 100-тина. Французите и понатаму живеат во постојан страв.
Германско министерство за внатрешни работи, пред два месеци предупреди дека Германија е мета на џихадистите, односно вработените во државните институции.
 
Германската разузнавачка служба, исто така, проценила дека терористите би можеле да користат тактика на повеќе напади, со цел да се шири паника и страв, како што беше со нападите во Париз. Во почетокот на 2015. година две лица завршија во притвор, после нападите на 12 куќи.
 
Германската специјална полиција често е активна во апсењето терористи, во ноември минатата година уапсиле двајца џихадисти, а во април во градот Оберсел уште двајца во чии станови нашле цел арсенал на оружје.
И Британците минатата година го зголемиле бројот на вработени во разузнавачките агенции за 15 проценти и повеќе средства за безбедност во воздушниот сообраќај поради зголемена опасностод исламските милитанти.
Британската Влада кон крајот на минатата година ги советуваше граѓаните да не патуваат во Шпанија, земја која е означена како голема можност за напади. А неа, секоај година ја посетуваат околу 12 милиони Британци во потрага по сонце.
Под сомнение дека се припадници на терористичка организација, полицијата во Холандија целата измината година апсеше. Експертите изјавиел дека во таа земја сигурно се сместени неколку терористи.
најбезбедни земји од терористички напади се Швајцарија, Словенија, Чешка, Полска...