Македонија
25. December 2017 - 10:03

Избегната железничка несреќа - воз удри во камења

Патничкиот воз бр.660, управуван од машиновозачот Ј. Н. кој сообраќа на релација Скопје-Кичево вчера во 18:10 часот наишол и удрил во поставени камења на делот од пругата меѓу железничките станици Жеровјане и Гостивар,  при што од ударот е предизвикано оштетување на моторот и карданот, поради што возот застанал веднаш по ударот.

Повредени патници нема. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин. Во 23 часот сообраќајот е нормализиран.