Loading Video...
Свет
7. јуни 2019 - 18:09

Избегнат судир помеѓу американски и руски воени бродови

Руски и американски воени бродови во последен момент избегнале судар во Источно-кинеското море, а и двете страни за инцидентот меѓусебно се обвинуваат. Руската пацифичка флота соопшти дека американскиот крстосувач минал на само 50 метри од рускиот разурнувач, а за избегнување на судирот Русите биле принудени да извршат брз маневар за итни случаи. Американските воено-поморски сили пак ги оценуваат како „непрофесионални“ дејствијата на екипажот на рускиот брод. Во последните години регистрирани се десетици случаи на „блиски средби“.