“Избегав од Алкатраз, сега имам рак”: Пронајдено писмо за познатото бегство од затворот, а авторот има еден посебен услов | Сител Телевизија
Живот
18. March 2018 - 20:31

“Избегав од Алкатраз, сега имам рак”: Пронајдено писмо за познатото бегство од затворот, а авторот има еден посебен услов

Целиот свет знае дека бегството од најпознатиот затвор е невозможно. Но, што доколку некој сепак го преживеал Алкатраз и ги надмудрил чуварите и полицијата?

ФБИ до ден-денес го држи овој случај отворен – браќата Џон и Кларенс Англин како и Френк Морис поминале шест месеци, смислувајќи пеколен план како да побегнат од добро познатиот затвор. Она што е интересно е тоа што овие тројца мажи се единствените затвореници кои успеале да побегнат.

Нивните тела никогаш не биле пронајдени, а сè уште останува мистерија дали тие воопшто преживеале.

Во 2013 година, локалната полиција во Сан Франциско добила едно мистериозно писмо на човек кој се претставил како Џон Англин. Тој во писмото открива дека во 1962 година побегнал од затворот и дека сега има 83 години и има рак.

"Побегнав од Алкатраз во 1962 година со Кларенс и Френк Морис. Имам 83 години, рак и се наоѓам во лоша состојба. Да, сите го преживеавме бегството, но со тешки маки", стоело во писмото за кое никогаш не е утврдено дали навистина е дело на Џон.

Во писмото стои дека тројцата затвореници преку копање на вентилационите отвори успеале да исползат од затворот. Кога дошле до водата, тие искористиле појаси за спасување со цел да стигнат до копното, но не се знае како дошле до истите.

Следното утро, стражарите пронашле празни кревети со кукли кои "глумеле" затвореници, за да не се открие бегството. Главите на куклите биле направени од сапун и тоалетна хартија, а тие имале и вистинска коса која затворениците ја собирале од затворскиот фризер.

Англин тврди дека денес живее во Јужна Калифорнија. Неговиот брат наводно починал во 2011 година, а Френк Морис во 2008 година.

"Доколку на телевизија јавно ветите дека ќе отслужам казна затвор во траење од една година и дека ќе ми биде достапен лекар, јас ќе ви напишам писмо со точната локација на која што се наоѓам. Ова не е шега", напишал наводниот Англин.

Полицијата го отфрлила ова писмо.

"Немаме никаква причина да веруваме дека некој тукутака се променил и дека сака да го почитува законот пред својата смрт".

Приказната за овие криминалци ги инспирирала продуцентите во Холивуд да снимат филм за најпознатото бегство од Алкатраз, со Клинт Иствуд во главната улога.