Македонија
13. November 2020 - 19:56

Избега ли еден од обвинетите во „Монструм“ откако ОЈО побара притвор за него?

По четири часовно бегство, пронајден е Агим Исамиловиќ кој е обвинет за петркатното убиство кај Смислковско.. Тој утринава беше на судењето за Монструм кога обвинителството побара за него притвор, но судењето се одложи па неместо судијата за тоа одлучува Кривичен совет.. Во меѓувреме, Исмаиловиќ ја напуштил судската зграда па полицијата почнала потрага. По четири часа тој е пронајден во населбата Ченто каде и живее.. Од полицијата велат дека Исмаиловиќ е спроведен во затворот Шутка.

Според обвинителството, судењето за Монструм било во завршница а доказите покажувале дека не се во корист на обвинетите и постоела можност да побегнат.. Затоа било неопходно Исамиловиќ и Азири, пресудата да ја дочекаат во притвор.

Монструм се суди по втор пат откако во 2017-та, Врховниот суд ги укина доживотните затворски казни за обвинетите и ги ослободи од притвор. За овој случај обвинети се шестмина, двајца од нив се на Косово, а тамошните власти одбиваат да ги екстрадираат.