Македонија
18. September 2015 - 8:38

Изаири на конференција за „Состојбата со водостопанската инфраструктура“

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска ќе се обрати на конференцијата на тема „Состојбата со водостопанската инфраструктура“, која ќе се одржи на Градежниот факултет во Скопје.

Најавено е учество на стручни лица од областа на водостопанството, а акцент ќе биде ставен на браните и воедно ќе се разгледа општата состојба на водостопанската инфраструктура, со осврт кон специфичните хидротехнички објекти кај одделни водостопански гранки: водоснабдување, канализации, наводнување, одводнување, хидроенергетика, регулирање на реки.