Loading Video...
Свет
13. November 2020 - 19:51

Иво Санадер осуден на 8 години затвор

Екс премиерот на Хрватска и претседател на ХДЗ  Иво Санадер  на повторното судење  е осуден на 8 години затвор  за случајот Фими Медиа. Санадер е прогласен за виновен за корпуција поради извлекување пари од државни институции и фирми  преку маркетинг агенцијата Фими Медиа. Од 24 милиони куни, 8 милиони биле искористени за финансирање на партијата, а дел Санадер задржал за себе. Во овој случај,  ХДЗ  е прогласена за одговорна за корупција.

Регионот и Европа продолжуваат да бележат  нови рекорди по бројот на починати и новозаразени од корона вирус. Се зголемува бројот на држави кои воведуваат или планираат да ги зајакнат анти ковид мерките. Словенија,Косово , Србија, Грција, Франција   се дел од земјите кои се одлучија за подрастични мерки. Словенечната влада нареди привремено укинување на јавниот превоз и затворање на сите продавници ,освен оние што продаваат храна. Алармантна е ситуацијата и во  Соединетите  држави.  Здравствените власти пријавија  за прв пат повеќе од 150 000 нови случаи на дневна основа од почетокот на пандемијата. СЗО соопшти дека од клучно значење сите земји во светот да имаат пристап до вакцини. Ако сиромашните земји не добијат вакцини, короната ќе продолжи да се шири апелира СЗО.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со која  им забрани на Американците да вложуваат во кинески компании  за кои неговата Влада тврди дека се во сопственост или под контрола на кинеската војска.  Неколку часа подоцна,  официјален Пекинг  му ја честита победата на Џо Бајден на претседателските избори, што Трамп одбива да ја праифати.  Кина, досега беше во групата земји, како Русија, Бразил и Мексико, кои не му упатија честитки на новоизбраниот претседател на САД.