Македонија
13. January 2021 - 17:15

Ивермектинот достапен за пациентите, протокол за лекување доставен до матичните лекари

Матичните лекари добија протокол за употребата на Ивермектин, информираат од министерството за здравство. Потенцираат дека лекот може да се користи само во консултација со лекар и да се издава на розев рецепт.

Протоколот изготвен од стручниот колегиум од Клиниката за пулмологија и Ковид Центрите при Интерните клиники на матичните им бил испратен од Лекарската комора.

-Упатството е да се дава 02 мг по килограм телесна тежина превентивно. Ние денеска имавме еден пациент на кој му пропишавме ивермектин бидејќчи имал контакт со позитивно лице, моравме прво да го измериме и врз основа на тежината му одредивме доза, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Инаку лекот може да се најде во еден ланец на аптеки, а според информации на Сител го набавиле и од една приватна болница и веќе почнале да им го даваат на пациенти со корона.

Во државните ковид центри пак според најавите се очекува според протокол да почне да се применува деновиве.