Бизнис
13. April 2021 - 16:41

Ивент идустријата со нов протест пред Владата

Вицепремиерот Битиќи да ги тргне розевите очила. Организаторите на настани контра вицепремиерот Битиќи кој во Дневникот на Сител им порача да ги тргнат црните очила за да можат да разговараат. Организаторите денеска повторно излегоа на тричасовен протест пред Владата. Бараат помош со грантови. 

- Прво ние не сме таканаречена индустрија. За нас стојат најголемите фестивали и настани во земјава и не може никој да не нарече таканаречена индустрија. Ние ќе ги тргнеме црните очила,  но вие тргнете ги розевите очила. Нека влезе некој во нашите кондури да видите како изгледа да не заработувате и да се мислите како да ги покриете трошоците. Инаетот не води никаде треба да седнеме и да раговараме, вели Маја Бабиќ од Ивент индустријата.

Вицепремиерот Битиќи вчера во веситте на Сител посочи дека организаторите на настани никогаш не биле изоставени од мерките за помош.

Инаку  дејноста нема активности повеќе од една година, загубите во секторот се над 60 отсто. Порачаа дека се додека не бидат помогнати ќе останат на улуца. Има најави дека во следните денови на протестот ќе им се придружат и угостителите и туристичките агенции.