-->
-->
Ивановски: Презадоволен сум од резултатот и од настапот
-->
19-годишниот атлетичар Дарио Ивановски со време на личен рекорд 1:10.00 час го освои првото место на полумаратонската трка на 30.то издание на Белградскиот маратон. Тој беше за 40 секунди побрз од второпласираниот Бојовиќ од Србија и воедно го подобри личниот рекорд поставен лани на Скопски маратон - 1:11.14 час.
По трката Ивановски изјави:
- Презадоволен сум од постигнатиот резултат и од настапот, а голема благодарност и до мојот тренер Игор Јакимовски, кој исто така трчаше на оваа трка. Мал проблем претставуваше и ветрот, но се на се ова е одлично постигнување со поставен личен рекорд.
Ивановски е актуелен шампион на Македонија во полумаратон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење