Бизнис
17. February 2021 - 9:25

Ивановски: Новиот пакет мерки привремено ќе ги санира штетите на фирмите

Новиот пакет помош како и сите претходни привремено ќе ги санира штетите на компаниите од корона кризата, велат дел од експертите. Сметаат дека мерките се скромни. Нема да дадат резултати на долг рок, само ќе го продлабочат долгот кој треба да го враќаат идните генерации. Апелираат до Владата да почне да размислува за мерки со кој ќе се отвори простор и ќе се олесни инвестирањето на бизнис секторот. 

Според Ивановски целиот пакет треба да биде транспарентен и јавно да се објават резулатите од него.

Од организацијата на работодавачи пак за Сител посочија дека се задоволни од она што им е презентирано, но ќе коментираат кога мерките ќе ги видат на хартија.