Спорт плус
29. July 2022 - 19:58

Ивановски ќе игра 1/2 финале на турнирот во Австрија

Нова победа на македонската тениска надеж Калин Ивановски кој обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Австрија кој се игра за награден фонд од 15 илјади долари. 
Ивановски денеска беше подобар од домашниот тенисер Петер Голдштајнер и тоа во 2 сета со 6-4 и 6-3 и за влез во финалето ќе ги одмери силите со првиот тенисер на турнирот Французинот Валентан Вашеро.