Спорт плус
15. јуни 2016 - 18:43

Ивановски го собори македонскиот рекорд стар 18 години

 Дарио Ивановски го собори македонскиот државниот рекорд на 1.000 метри, а кој цели 18 години беше во сопственост на Ване Стојанов.
 
На државното првество, Ивановски делницата од 1.000 метри, ја истрча време од 2:28.00 минути, што е за четири секунди подобар резултат од доскорешниот рекор на Стојанов.
 
Со ова Ивановски потврди дека е во олична форма, во пресрет Европското атлетско првенство кое од 6 до 10 јули ќе се одржи во Амстердам, а Ивановски треба да биде дел омакедонската селекција.