Тенис
21. August 2022 - 19:51

Ивановски го освои турнирот во Тунис

Големата надеж на македонскиот тенис Калин Ивановски го освои својот прв сениорски турнир во кариерата откако триумфираше во Монастир Тунис на тврда подлога. 
Во финалето на турнирот кој се играше за награден фонд од 15. 000 долари Ивановски го совлада Азиз Кијаметовиќ од БиХ со 2-1  и тоа откако го загуби првиот сет со 6-4. 
Мечот траеше 2,5 часа следните два сета Калин ги доби со 6-4 и 6-1 со што направи пробив меѓу најдобрите 1000 тенисери на АТП листата.