Иванов-Земан: Чешка е вистински пријател и ќе продолжи да ја поддржува Македонија
Чешка е вистински пријател на Македонија и ќе продолжи да ја поддржува на патот на евроатланските интеграции, но и во моменти кога се соочува со предизвици како актуелниот со мигрантите.
Ова го порачаа претседателот на РМ Ѓорге Иванов и чешкиот претседател Милош Земан на заедничката средба што денеска се одржа во Прашкиот замок пред учеството на македонскиот претседател на вонредниот самит на Вишеградската група.
- Многу сум благодарен како на вас така и на членките на Вишеградската група за сета поддршка и помош што и ја давате на Македонија во нејзините евроатлански интеграции. Особено сме горди што имаме држава како вас за пријател да не поддржува, што се гледа и во тоа што вашите полицајци се заедно со нашите на границата со Грција каде помагаат во регулирањето на протокот на мигрантите, изјави Иванов пред средбата. Притоа ја спомена и мудроста која вели дека вистинските пријатели се познаваат во вакви моменти кога имаме предизвици.
Тој се заблагодари што присуствува во Прага на Самитот кога Вишеградската група одбележува 25 години од основањето.
Чешкиот претседател Земан посака успех на состанокот на Вишеградската група на која, како што рече, очекува дека една од темите може да биде заштита на македонската граница.
- Ги разбирам проблемите што ги имате бидејќи низ вашата територија поминаа над 600.000 мигранти и ме радува што Чешката Република се вклучи да и помогне на вашата земја, изјави Земан.
Чешкиот претседател најави дека ќе ја посети Македонија во јуни годинава.
Во рамки на работната посета на Чешка, претседателот Иванов ќе се сретне и со премиерот на Чешка Бохуслав Соботка, а попладне ќе има обраќање на пленарна сесија на вонредниот самит на премиерите на Вишеградската група на која присуствува и премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов.
Главни теми ќе бидат предизвиците од мигрантската и бегалската криза и начините за справување со нив.
Ново на Сител
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот