Македонија
25. јуни 2016 - 17:28

Иванов: Заев ја поздрави аболицијата, но под притисок се повлече

Недозволиво е СЈО да биде користено за потребите на една политичка структура. Што е тоа освен селективна правда, вели претседателот на државата Горѓе Иванов во интервју за Дневник, околу иницијативата за уставноста на оваа институција. Кога јавно прашал по која методологија од милион аудиозаписи што ги имаат ги избрале само оние за случаите што сега ги водат, Заев сам го дал одговорот – СЈО постапува по предметите што тие му ги дале на обвинителството.

Но, веројатно некој ги охрабри тие обвинители да ги оспорат сите можни институции во државата.  Зошто за ниту еден имот за кој тие тврдат дека е стекнат на криминален начин не беше почната постапка за негова конфискацијаОва обвинителство си има свои надлежности и нека си ја врши својата работа, а не да служи како инструмент за уцени, пресметка и селективна правда, потенцира Иванов во интервјуто.

Одлуката за помилување претседателот вели дека ја донел врз основа на правата и обврските што му се дадени со Уставот. За обвинувањата на критичари дека имал селективен пристап, Иванов со одговор дека Заев ја поздравил одлуката а членови на опозицијата славеле. Потенцира дека лидерот на СДСМ сега има законска можност да побара повлекување на аболицијата за случајот Глобал од поранешниот претседател, само му треба храброст за тоа.

Му треба само малку храброст да го напише тоа на лист хартија, да го потпише и да го достави како официјално барање. Доколку не го стори тоа, признава дека сите обвинувања против него се основани и за тоа треба да си преземе одговорност, вели Иванов за Дневник.

Шефот на државата тврди дека помилувањата само го забрзале процесот за насилните демонстрации кои биле планирани однапред. Претседатели на неколку држави го информирале за детали од сценаријата што биле подготвувани за македонија. Според информациите биле ангажирани криминални структури и поранешни затвореници да прават нереди, вели Претседателот Иванов за Дневник.