Македонија
14. April 2016 - 19:57

Иванов: Заев да каже што бараше од мене на 9 мај?

Сево ова потекна од желбата на Зоран Заев да добие гаранција дека нема да биде уапсен и дека нема да му се попречи кариерата, порача во интервјуто со главните и одговорни уредници на осум од националните тв концесионери. Иванов жали што лидерот на опозицијата ја одбил неговата покана во претседателската вила да се решава политичката криза и дозволил тоа да биде надвор од најсоодветната институција и со помош на странци. Иако сам донел одлука да се појави на советот за безбедност, сепак Заев му порачал на Иванмов дека за лидерска средба во неговиот кабинет не може самостојно да донесе одлука.

Одлуката за помилување на партиските претставници во државата, била дополнително поткрепена со информации добиени од домашните и странски разузнавачки служби дека се подготвува атентата за лидерите на две политички партии во земјата. Иванов вели дека правна завршница ќе има, а тој не одлучувал против кого и за што е покрената постапак, одлуката важи за сите политичари.

Претседателот Иванов во интервјуто со главните и одговорни уредници порача дека работи чесно, за разлика од некои од амбасадоите во земјава кои според него ги пречекориле своите овластувања.

По реакциите во јавноста откако ја доенесе одлуката за запирање на кривичните постапки Иванов вели дека е задоволен што и негови студенти застанел против него зошто тоа според претседателот на државата покажува дека создал слободумни луѓе. Сепак Иванов оцени дека повторно насилните протести и демолирањата на државните институции се дело на некој од надвро кој сака да воведе анархија.

Претседателоте е убеден дека политичката криза може да заврши само со одлука на граѓаните која ќе ја донесат на слободни, фер и демократски избори на 5ти јуни. Периодот потоа порача Иванов ќе покаже кој погрешил а кој бил во право.

Во интервјуто Иванов посочи дека Македонија е земјата која трпи притисок во инволвираните страни за надминување на спорот со името. Грција денеска го наруши воздушниот простор, а тоа според Иванов е демонстрирање на сила.

Иванов посочи дека е горд на поддршката која ја има од граганите. Според истражувањето кое било нарачано од кабинетот 70 проценти од граѓаните македонци имаат доверба во институцијата претседател, а 65 отсто од сите граѓани му веруваат на претседателот.