Македонија
13. April 2016 - 19:07

Иванов: Време е за национално помирување

Потребен ни е процес на национално помирување. Доста беше Македонецот да оди против Македонецот.

Кризата почнува да завршува од овој момент и посакувам да добие завршница со фер и демократски избори по сите стандарди, нагласи претседателот Ѓорѓе Иванов во своето обраќање до јавноста.

Тој нагласи дека одлуката ја донел во интерес на државата и на нацијата со цел да и стави крај на политичката криза, која од ден на ден се повеќе се продлабочува.

Иванов нагласи дека при носењето на ваквата одлука се водел исклучиво од државниот и националниот интерес и оти не информирал никого од опфатените во овие одлуки.

Според него, ниту Пржинскиот договор, ниту распуштањето на Собранието, не ги намалиле тензиите, туку напротив ги зголемиле и сериозно е доведена во прашање потребата од мирна изборна кампања.

Иванов рече дека тој во неколку наврати се обидувал да стави крај на политичката криза, но дека од СДСМ постојано се барало учество на меѓународниот фактор во решавањето на кризата.