Македонија
8. April 2018 - 13:02

Иванов, Шекеринска и Мицкоски на Велигденската литургија во Соборен храм

По повод Воскресение Христово - Велигден денеска во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ се одржа воскресна литургија со која богослужеше Архиепископот охридски и македонски г.г Стефан.

На литургијата присуствуваше шефот на државата Ѓорге Иванов, кој до верниците упати честитки со желби за многу здравје, радост и среќа.

- Поскаувам во животот да ги следи многу добрина, убавина и правдина. Празниците се за славење, но и за потсетување за сето она што го поминале нашите предци, за нивното опстојување, за вредностите што ни ги пренеле нам и што ние треба да ги сочуваме за нашите потомци. Овој Велигден не потсетува и на 1000 години од основањето на Охридската архиепископија. Посакуваме нашата црква да биде дел од православната екумена и посакувам како сме сплотени и единствени за време на празниците така да бидеме во текот на годината, да си помагаме меѓусебе и да сме солидарни и тогаш ќе бидеме успешни. Посакувам многу повеќе да си ја сакаме и да си ја почитуваме Република Македонија, рече Иванов.    

Честитки по литургијата во Соборниот храм упати и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посакувајќи им на граѓаните здравје, љубов и среќа до следниот Велигден.

- Да се радуваме сите заедно иако за волја на вистинакта не гледам потенцијал за такво нешто имајќи ја предвид политичката и економската ситуација во држвата. Но како човек оптимист и како христијанин сакам да верувам дека ќе успееме во саканата и проектораната цел.   

Владина делегација предводена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министрите за здравство и за земјоделство Филипче и Љупчо Николовски, како и градоначаланикот на градот Скопје Петре Шилегов присуствуваа на литургијата, но не дадоа изјави за медиумите.