Иванов: Претседатели на неколку држави лично ми соопштија детали за сценарија што се подготвувани за Македонија
Уште од почетокот на кризата нашите пријателски држави и нивните служби не известуваа за тоа што не очекува и што се подготвува. Оние што мислеа дека можат да направат насилни акти и активности кои не се во согласност со Уставот и законите си ја потценија сопствената држава и нејзините институции и служби, вели македонскиот претседателот Ѓорге Иванов, во интервју за весникот „Дневник“.
- Не само што сме перманентно известувани од партнерските служби, туку и претседатели на неколку држави лично ми соопштија детали за сценарија што се подготвувани за Македонија и за она што допрва не очекува. Има информации и од нашите служби кои сега не можам да ги соопштам јавно. Треба да се знае и дека беа мобилизирани и активирани и одредени криминални структури и поранешни затвореници за да прават нереди и насилство во државата. Нашите служби заслужуваат пофалба за тоа што информираа и превенираа навреме, вели Иванов за „Дневник“.
Според Иванов, дел од лицата што биле логистика на илегалната миграција низ Македонија, учествувале во демолирањето на Народната канцеларија во Скопје.
- Можеби нивниот гнев и бес произлегуваше од тоа што кога ја затворивме границата и воспоставивме контрола на мигрантскиот коридор им ги спречивме грантовите што ги добивале и од тоа профитирале, нагласи Иванов во интрвјуто за „Дневник“.
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата