Иванов: Празниците да донесат радост и благосостојба
Нека претстојните празници ни донесат нова сила, нова радост, позитивни мисли и обновена надеж за исполнет живот во мир, просперитет и благосостојба, истакна денеска претседателот Ѓорге Иванов во новогодишното обраќање до граѓаните.
Шефот на државата порача да се извлечат поуки од многуте кризи и предизвици со кои се соочи државата годинава.
- Годинава што одминува сакаме што побргу да ја заборавиме. Во неа се соочивме со многу кризи и предизвици. Редно е да извлечеме поуки од сето тоа и да излеземе посилни, помудри и поодговорни. Да не дозволиме се што беше негативно да ни се повтори, рече Иванов.
Новата 2017-та година, посочи, кај секој од нас буди нови очекувања, нови надежи, нови желби. - Во овие моменти кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме на основните човечки вредности, на потребата да бидеме солидарни, хумани, праведни... Овие денови кога празнуваме и се радуваме се можност да се навратиме на она што секој еден од нас го направил за своето семејство, за своите пријатели, за своите соседи, за своето општество, за својата држава, наведе македонскиот претседател.
На граѓаните на Македонија им посака пред сè, многу здравје, радост, љубов и добрина.
- Вашите желби нека станат реалност, а реалноста нека биде поубава и поблагопријатна за сите нас. Да постигнуваме успеси на кои сите ќе се радуваме. Да си простуваме и да се почитуваме. Да си помагаме и да се поддржуваме. Во се што правиме, свесно да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај другите. Бидејќи само така ќе ја градиме Македонија како хумано, солидарно и праведно општество. Нека претстојните празници ни донесат нова сила, нова радост, позитивни мисли и обновена надеж за исполнет живот во мир, просперитет и благосостојба, истакна претседателот Иванов во новогодишното обраќање.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина