Македонија
10. August 2016 - 16:46

Иванов: По примерот на Свети Климент меѓусебно да помогнеме

По примерот на Свети Климент независно од етничката ,јазичната ,културната ,политичката ,социјалната или родовата припадност треба меѓусебно да си помагаме особено во време на невољи и потреби какви што сега имаме во Македонија порача претседателот Иванов на научната академија по повод 1100 годишнината од Упокојувањето на Свети Климент Охридски.

Во време на невољи и предизвици со кои се соочуваме по катастрофалните поплави почитувањето на Свети Климентовиот повик ни е повеќе од неопходно изјави Иванов.

Претседателот на МАНУ Таки Фити потенцира дека треба да се воздигнуваат човечките доблести преку својата оригинална литература.

Инаку вчера беше отворена и изложбата Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност во Македонија и соседните земји а беше положено и цвеќе пред гробот на Плаошник.