Иванов: Немаше опасност од прогласување на воена состојба на 27ми април
Неточни се информациите дека на 27ми април сум сакал да прогласам воена состојба - вака сведочеше поранешниот претседател на државава Ѓорѓе Иванов на денешното рочиште за наводните организатори на 27ми април.
Според него, а согласно Уставот, дента немало опасност за прогласување на воена состојба. Иванов рече дека и во случај да биле исполнети условите, тоа било во надлежност на Собранието. Во својот исказ Иванов рече дека ги поддржувал протестите за заедничка Македонија.
Прашан дали лицето Синиша Алексовски го известувал за своите активности, Иванов рече дека освен што е усно информиран, за се има и пишани белешки. Во изјава за медиумите, Иванов не сакаше да одговори дали на критичниот ден имал комуникација со обвинетите во овој случај.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња