Македонија
7. December 2018 - 19:17

Иванов негира дека на 27 април се подготвувал да прогласи воена состојба

Не постоело никакво сценарио за воена или вонредна состојба на 27 април. Претседателот Иванов  ги повика сите претставници на меѓународната заедница јавно да кажат дали му вршеле притисок за време на упадот во Собранието. Шефот на државата обвинува за очајно смеслено сценарио и линч против него лично и неговиот кабинет.

- Година и пол, јас како Претседател на Република Македонија и мојот Кабинет сме постојана мета на лажни вести и лажни конструкции, со цел по секоја цена да не вмешаат во настаните од 27 април.  Од 21 април 2017 година, без никакви докази и индиции се обвинува Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Се вршат притисоци и закани кон мене, со цел да потклекнам и да отстапам од моите ставови во врска со политичките случувања во Република Македонија и политиките кои ги спроведува актуелната Влада. По кој знае кој пат повторувам дека нема да отстапам од моите ставови. Деновиве сме сведоци дури и на лажни искази дадени во судскиот процес за настаните од 27 април. Прво, сакам да укажам дека за давање лажен исказ пред Суд, кривично се одговара, вели Иванов

Претседателот потврди дека на 27 апил неговиот соработник Борис Јосифовски бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, но за тоа веќе има дадено исказ пред обвинителството.За сите политички и безнедносни кризи во земјава во изминативе две години, Иванов прстот го впери кон Управата за безбедност и контраразузнавање.

- Ако УБК се дрзнува без никакви основи да ги следи активностите на мојот Кабинет и да ме става мене како Претседател во службени белешки кои опишуваат непостоечки настани, се плашам од помислата што сè се случува во оваа институција и како се креираат извештаи со фиктивни извори за да се постигне определена цел. Со планиран истек на калисфицирани податоци се гради лажна перцепција за на крај да се конструира судско-полициски случај. Од друга страна, сакам да потенцирам и дека во изминатиов период сме сведоци на неказнивост по планирано истекување на класифицирани документи од УБК, за што ги повикувам надлежните институции да дејствуваат и санкционираат ваквите појави, кои ја загрозуваат националната безбедност, посочи Иванов во обраќањето.

Иванов вели дека не стравува од импчимент, туку дека ги охрабрува пратениците да ја преиспитаат неговата работа доколку сметаат дека има потреба.

Ваквата реакција на шефот на државата следи  по вчерашното сведочење на обвинетиот Александар Василевски Нинџа кој пред судот тврдеше дека на 27 април Иванов  не прогласи воена состојба поради притисок од странски амбасадори и дека членови на неговиот кабинет дирекно учествувале во организацијата на настаните.