Македонија
2. December 2015 - 16:41

Иванов: НАТО да не заборави на превземените обврски за Македонија

Македонија одамна го заслужи местото во алијансата,блокираниот прием создава фрустации кај граѓаните. Иванов смета дека Македонија до сега се докажала како почитуван и извонреден партнер на НАТО  и учествува во сите мисии во кои била повикана. Претседателот потенцираше дека Алијансата треба да ги почитува и преземените обврски  од меѓународното право за членството на МАкедонија. Утрово во телефонски разговор претседателот Иванов испратил честитки за добиената покана до црногорскиот колега чија земја ќе стане 29 полноправна членка на НАТО.

- Не  можеме да опстојуваме  дека се работи за политичка одлука а ние добивме пресуда која треба да биде исполнета.  Иванов побара НАТО во носењето на своите одлуки да ја земе предвид новата реалност, состојбите во регионот и светот кои укажуваат на позачестени терористички акти, а мигрантската и бегалска криза  ја нарушуваат безбедноста.

Претседателот за овие работи информирал многу светски државници со кои остварил средба изминатиов период, но секој од нив укажувал на последиците од блокадите од Грција и  статус кво состојбата во која се наоѓа Македонија.  Честитки до Црна Гора упати и министерот за одбрана. Јолевски е дециден, Македонија ќе продолжи на патот  за целосна интеграција во АЛијансата.

- Република Македонија ги исполни условите за да добие покана за полноправно членство во Алијансата уште во 2008 година на Самитот во Букурешт, но, заради познатата пречка ние се уште не можеме да ја добиеме поканата. Тој потсети дека вчера Собранието на РМ донесе одлука за нова ротација на припадници на АРМ во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, со што, истакна, покажуваме дека сме целосно посветени на овој процес.

Македонија до сега има остварено 16 акциони планови за членство и го почнува 17от т.н МАП . До сега македонските  војници  учествувале во сите мировни мисии за кои била повикана државата.