Македонија
26. October 2017 - 8:28

Иванов на форумот Кран Монтана во Брисел

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во рамки на неговата дводневна посета на Белгија, ќе учествува на форумот Кран Монтана во Брисел на кој ќе има обраќање.

Предвидено е попладне Иванов да се сретне со Дидие Рејндерс, вицепремиер и министер за надворешни работи и европски прашања на Белгија.

Шефот на државата вчера во рамки на работната посета на Брисел имаше средба со првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, на која побара нов импулс и испраќање позитивна порака во насока на деблокада на интеграцијата на Македонија во Европската унија и почеток на пристапните преговори за членство.

Во фокусот на разговорите со Туск била европската иднина на Македонија и се она што го прави земјата за конечно да добие датум за почеток на преговорите, но и состојбата во регионот и во ЕУ, како и прашањето со мигрантската криза.