Македонија
6. September 2017 - 8:49

Иванов на 12. Економскиот форум на млади лидери во Полска

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на 12. Економскиот форум на млади лидери во Нови Сач, Република Полска.

Економскиот форум кој оваа година се одржува по 27. пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со фокус на економијата и политиката во овој дел на континентот.

Целта на оваа иницијатива, како што информираат од Кабинетот на Иванов, е да се создаде поволна клима за развој на политичката и економската соработка во Европа.

На форумот ќе присуствуваат над 3.000 учесници од повеќе од шеесетина земји од Европа и светот.