Македонија
17. May 2017 - 16:03

Иванов му го врачи мандатот на Заев - гаранциите за унитарноста на Македонија обезбедени

Зоран Заев од денеска го има мандатот за формирање на новата влада.

По добиените гаранции, и речи си 6 месеци по изборите почна да тече вториот рок од 20 дена во кој СДСМ и неговите коалициони партнери треба да ја формираат новата Влада.

Лидерот на СДСМ со писмени гаранции се обврза дека ниту една платформа нема да биде услов за формирање на Владата

Заев рече дека нема да го чека законскиот рок од 20 дена и дека ќе се обиде, час поскоро да ги пополни канцелариите на Илинденска

Заев најави дека во новата коалиција како партнери ги посакува Ахмети, Села и Касами со кои ќе почне разговори за распределба на ресорите. Тоа ќе биде првата левичарска влада во Македонија по 2006 година, кога Бучковски ги загуби изборите.